СЗО: Се очекува втор посмртоносен бран на коронавирус инфекции оваа зима

Европските земји мора да се подготват за смртоносен втор бран на коронавирус инфекции затоа што пандемијата не е завршена, рече во интервју за „Дејли телеграф“, д-р Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација во Европа. Клуге ги предупреди земјите што почнуваат да ги олеснуваат своите ограничувања, дека сега е „време да се подготват, а не да слават“.



Претставникот на СЗО истакна дека тоа што бројот на случаи на Ковид-19 во земји како Велика Британија, Франција и Италија почнува да се намалува, не значи дека пандемијата завршува. Епицентарот на европскиот појава сега е на исток, при што бројот на случаи се зголемува во Русија, Украина, Белорусија и Казахстан, предупреди тој.

– Државите треба да го искористат ова време мудро и да почнат да ги зајакнуваат системите за јавно здравје, како и да градат капацитети во болници, одделенија за итни случаи и интензивна нега. Сингапур и Јапонија сфатија рано дека ова не е време за славење, туку време за подготовка. Скандинавските земји го прават истото – тие не исклучуваат втор бран, но се надеваат дека тој ќе биде локализиран и тие ќе можат брзо да го надминат, изјави тој.

Клуге предупреди дека вториот бран може да се совпадне со појава на други заразни болести.

– Јас сум многу загрижен за можноста за двоен бран – наесен може да имаме втор бран на Ковид-19 и друг сезонски грип или сипаници. Пред две години имавме 500.000 деца кои немале своја прва вакцина против сипаници, додаде Клуге.

– На почетокот на овој месец, на шпанското население му беше дозволено спортување надвор за првпат во седум недели, а рестораните во некои делови на Германија повторно се отворија. Во Франција, на луѓето повеќе нема да им требаат дозволи за патувања за да објаснат зошто си заминале од дома. Но, во отсуство на ефикасно лекување на вирусот или вакцина, според Клуге, секоја блокада мора да биде придружена со строги мерки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца другари, едниот стар ловџија, другиот тазе, одат на лов. Влегуваат тие во шумата и стариот ловџија му вика на новајлијата:
- Седи сега ти во грмушкава и глас да не си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1640.- Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс,...
1672.- Во Москва е роден Петар Велики, цар на...
1778.- Во Париз умре Франсоа Волтер, француски...
1918.- Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски...