ИД: Вирусот е божја казна, следат нови напади

Лондон, 29 мај 2020 (МИА) – Исламска држава во синоќешната аудио порака тврди дека пандемијата со Ковид-19 е „божја казна“ за нејзините непријатели и се закани со нови напади.

Пораката наводно ја снимил портпаролот на терористичката група Абу Хамза ал Кураиши, но неговиот идентитет не е потврден.

– Бог со својата волја испрати казна до тираните на ова време и нивните следбеници. Задоволни сме поради казната што Ви ја испрати бог, се наведува во аудио пораката објавена на сајт на ИД.

Тоа е трета аудио порака на ИД откако е именуван новиот лидер на ИД, Абу Ибрахим ал Хашеми ал Кураиши, откако американските специјалн единици кон крајот на минатата година го елиминираа во Сирија Бакр ал Багдади.

Во пораката се повикуваат борците на ИД „да ги подготват сите расположливи сили и да бидат пожестоки кон божјите непријатели“.

– Не дозволувајте да помине ниту еден ден, а да не им го направите животот ужасен, се истакнува во пораката.

Но, не се наведени евентуалните мети, но се истакнува дека ИД е активна во Сирија и во Ирак, но и во Западна Африка. ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек со куче во кафич, седнува на шанк и порачува две чаши виски. Му ги дава шанкерот чашите и овие двајцата ги испиваат. Некоја девојка во кафичот зачудена се приближува...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот...
1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска...
1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од...
1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на...