Во Турција повторно воведен полициски час и задолжително носење маски

Турските власти воведоа обврска за задолжително носење маски во трите најголеми градови и ќе воведат ограничен полициски час поради студентските испити за да се спречи ширењето на коронавирусот, по порастот на нови случаи после повторното отворање на многу компании.

Гувернерите на Истанбул, Анкара и Бурса најавија дека маските ќе бидат задолжителни врз основа на препораките на научниот советодавен совет. Маските сега се задолжителни во 47 од вкупно 81 провинции во Турција.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски час ќе биде воведен утре и следниот викенд, кога студентите во цела Турција ќе полагаат испити. Министерот за здравство Фахретин Коча преку Твитер порача дека во сила ќе биде „ограничен полициски час“, во траење од неколку часа за да се спречат собири. Загрижените родители и студенти побараа испитите да бидат одложени поради пандемијата на Ковид-19.

Турција бележи пораст на бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19, а Министерството за здравство соопшти дека во текот на минатиот месец, дневниот број на нови случаи е околу 600 само во Истанбул, кој е најнаселен град во земјата со 15 милиони жители.

Од почетокот на епидемијата се потврдени повеќе од 184.000 случаи во Турција, а починале 4.882 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...