Научници тврдат дека коронавирусот се пренесува преку воздух, од СЗО бараат промена на препораките

Женева, 6 јули 2020 (МИА) – Стотици научници тврдат дека постојат докази дека коронавирусот во помали честички во воздухот може да биде заразен и ја повикаа СЗО да ги промени своите препораки, објави Њујорк Тајмс.

СЗО наведува дека коронавирусот првенствено се шири од човек на личност со капки од носот и устата на заразено лице при кивање, кашлање или зборување.

Во отворено писмо до СЗО, кое потписниците планираат да го објават во научното списание следната недела, 239 научници од 32 земји наведуваат докази кои покажуваат дека помалите честички можат да бидат заразни, пишува Њујорк Тајмс.

Без разлика дали коронавирусот се пренесува преку поголеми честички по кивање или од помали честички кои настануваат со дишење, коронавирусот се пренесува преку воздух и може да ги зарази луѓето кога ќе го вдишат, велат научниците.

Сепак, СЗО наведува дека доказите за пренесување преку воздух не се убедливи.

– Особено во последниве месеци, неколку пати истакнавме дека сметаме оти воздушната трансмисија е можна, но за тоа не постојат цврсти, па дури и јасни докази, рече Бенедета Алегранци, директор на програмата на СЗО за превенција и контрола на инфекции. јт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...