Галуп: Работата на претседателот Трамп ја одобруваат 38 отсто од Американците



Вашингтон, 7 јули 2020 (МИА) Работата на претседателот Доналд Трамп ја одобруваат 38 отсто од Американците и таа ниска позиција останува по наглиот пад во мај и јуни, се дознава од најновата анкета на Галуп.

Рејтингот на Трамп во мај се наоѓаше на највисоко забележана позиција од 49 отсто, по што започна да се намалува како резултат на американските протести против расната нетрпелливост по смртта на Џорџ Флојд.

Неговиот рејтинг на одобрување сега е само три проценти подобар од најниско забележаната вредност од 35 отсто во 2017 година.

Според анкетата, акуелниот рејтинг на американскиот претседател, заснован на анкета спроведена меѓу 8 и 30 јуни останал практично ист споредбено со претходната анкета спроведена од 28 мај до 4 јуни. Забележано е подобрување на популарноста кај републиканците, од 85 до 91 отсто, намалување кај независните (од 39 на 33 отсто) како и меќу демократите (од 5 проценти на 2 проценти).

Од Галуп велат дека бројките укажуваат сегашната разлика од 89 отсто меѓу републиканците и демократите е најголем партиски jaз во одобрувањето на еден претседател досега регистриран од анкетната агенција.

Од анкетата се дознава и дека рејтингот на Трамп го губи мнозинството и кај белата американска популација од машки пол, жените, младите на возраст од 18 до 29 години, академските граѓани и останати демографски групи.

Падот на одобрувањето на работата го става Трамп во иста кошница како и екс-претседателите Џорџ Буш и Џими Картер, кои исто така во јуни, во предизборието за нивни втор мандат, рејтингот им се намалил под 40 отсто. кб/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...