Рекорден пораст на бројот на новозаразени во Токио

Токио, 9 јули 2020 (МИА) – Во Токио во изминатите 24 часа се пријавени 224 нови случаи на коронавирусот, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Претходниот рекорд беше поставен на 17 април, кога за еден ден беа потврдени 206 нови случаи.

Јапонските власти соопштија дека зголемувањето на бројот на заразени во последните две недели главно се должи на тоа што се тестираат повеќе лица, особено оние што работат во објекти за забава за ноќен живот, како хостеси во клубови и барови. За време на панел состанокот кој денеска го одржа Владата во Токио, експертите рекоа дека зголемувањето е делумно резултат на систем на пообемно тестирање.

Поголемиот дел од новите заразени лица се на возраст од 20 до 40 години.

Во Токио во моментов има шест пациенти со коронавирус кои се наоѓаат во критична состојба, додека градот веќе две недели нема регистрирано смртен случај од Ковид-19. јт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...