Азиските земји се подготвуваат за агресивна вакцинација против грип

Нешто порано од вообичаеното, некои азиски земји подготвуваат агресивни кампањи за вакцинација против грип, стравувајќи дека избувнувањето на епидемијата на грип истовремено со новиот бран од Ковид-19 во текот на есента и зимата може да ги преоптовари нивните здравствени системи.



Во Јапонија, здравствените власти подготвуваат 31,2 милиони вакцини против грип, што е за седум проценти повеќе од минатата година, односно најмногу од 2015 година.

Јужна Кореја за своите граѓани ќе обезбеди 30 милиони вакцини против грип, што е за 20 проценти повеќе од минатата година. Околу 19 милиони лица, или третина од вкупното население, ќе бидат вакцинирани бесплатно, додека, за споредба, лани против грип беа вакцинирани 13,8 милиони Јужнокорејци.

Во некои делови на Кина има зголемен интерес кај населението за вакцинирање против грип, иако во таа земја генерално оваа операција не е бесплатна, а властите во Тајван веќе најавија дека ќе обезбедат бесплатно повеќе од шест милиони дози вакцина против грип.

Во Австралија, која е дел од азиско-пацифичкиот регион, властите веќе обезбедија 16,5 милиони дози од ваквите вакцини, наспроти ланските 13,2 милиони.

Британските медиуми наведуваат дека сличен тренд постои и во Европа и САД, а американските фармацевтски компании се очекува годинава да обезбедат околу 200 милиони вакцини против грип или околу 20 проценти повеќе од вообичаеното.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...