Рохани е бесен: Новите американски санкции врз Иран се дивјаштво

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги обвини САД за „дивјаштво“ откако Вашингтон неделава на Техеран му воведе нови економски санкции.



-Американците на Иран му предизвикаа штета што се мери со десетици милиони долари, рече Рохани во обраќањето пренесувано од иранската национална телевизија

Британските медиуми пренесуваат дека со глас што се тресел од лутина Рохани кажа дека станува збор за дивјаштво од невидени размери и сонародниците ги повика своите „клетви и омраза“ да ги насочат кон Белата куќа.

САД во четвртокот на својата „црна листа“ ставија уште неколку ирански официјални претставници и субјекти заради наводните тешки прекршувања на човековите права во Иран, во кои Вашингтон го вброи и судскиот процес против еден ирански борач, кој беше осуден на смрт, а потоа и погубен. Претходно, во понеделникот на црната листа се најдоа и иранското Министерство за одбрана и други актери вклучени во иранската нуклеарна програма и програмата за развој на вооружувањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...