Републиканскиот сенатор Мит Ромни не гласал за Трамп

Вашингтон, 22 октомври 2020 (МИА) – Сенаторот од Јута, репубиканецот Мит Ромни, не гласал за Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

На изборите закажани за 3 ноември, во повеќе сојузни држави дозволено е предвремено гласање или гласање по пошта. Во некои држави како Вирџинија, Минесота, Јужна Дакота и Вајоминг, гласањето започна уште на 18 септември.

Од кабинетот на сенаторот не кажаа дали Ромни гласал за демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.

Сенаторот минатата недела испрати остри критики до Трамп, бидејќи овој одби да ја осуди „QAnon“, група која по социјалните мрежи прошири лажни информации за Ковид-19 и движењето „Црните животи се важни“. Федералното биро за истраги (ФБИ) предупреди дека оваа група е домашна терористичка закана.

– Неподготвеноста на претседателот да осуди една апсурдна и опасна теорија на заговор продолжува еден загрижувачки тренд: политичарите и партиите одбиваат енергично и убедливо да отфрлат групи како антифа, бели супрематисти и трговци на заговори, напиша Ромни минатата недела на Твитер.

Ромни продолжи со критики насочени како кон претседателот така и кон демократите, тврдејќи дека се одговорни за претворање на политичката атмосфера во земјата во „бара исполнета со омраза“. Тој ги повика лидерите од двете страни да ја „намалат усвитеноста“.

Според анкетите најголем дел од гласачите преферираат да гласаат за Бајден, неизвесно може да биде само во неколку држави. кб/ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...