Силен тајфун ги погоди Филипините, илјадници евакуирани

Манила, 26 октомври 2020 (МИА) – Силниот тајфун Молави ги погоди Филипините и принуди илјадници селани да се евакуираат кон безбедните зони во покраините јужно од главниот град Манила.

Невремето предизвика поплави во селските подрачја и откорна покриви од куќите, но засега нема информација за евентуални жртви, иако властите тврдат дека едно лице се води како исчезнато, а надлежните служби успеале да спасат седум лица откако нивната јахта се превртела во водите во близина на покраината Батанга.

Ударите на ветрот се со брзина од 127 до 180 километри на час, а досега повеќе од 25.000 селани се евакуирани од загрозените подрачја, се наведува во извештајот на Службата за цивилна заштита на Филипините.

На филипинските пристаништа се блокирани над 1.800 камиони и голем број патници бидејќи властите забранија испловување на бродови додека трае невремето. гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...