ЕМА предупредува: Сојот „Му“ е причина за загриженост

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека варијантата на коронавирусот позната како „Му“ може да биде причина за загриженост, иако сe уште нема докази дека ќе го надмине во моментот доминантниот сој Делта.



„Му“, кој првпат беше идентификуван во Колумбија во јануари и е научно познат како Б.1.621, е класифициран претходно овој месец како „варијанта што предизвикува интерес“ од Светската здравствена организација.

ЕМА, иако се фокусираше главно на многу заразна варијанта Делта, „разгледува други мутации кои би можеле да се шират, како што се Ламбда (идентификувана во Перу) и, од неодамна, Му, изјави шефот на стратегијата за вакцинирање на ЕМА Марко Кавалиери на прес-конференција.

– Сојот „Му“ потенцијално повеќе загрижува поради евентуалното зголемено имунолошко бегство кое може да го покаже“, истакна Кавалиери.

Регулаторот со седиште во Амстердам, што тестира лекови за 27-члената ЕУ, ќе разговара со производителите на вакцини за ефикасноста на тековните лекови во справувањето со варијантата Му.

– Сепак, морам да кажам дека се уште немаме податоци за да покажеме дека варијантата Му се шири толку брзо и дали ќе има шанси да ја надмине мутацијата Делта како доминантен сој, објасни Кавалиери.

ЕМА анализира ширење на пет мутации меѓу кои е и „Му“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...