Ким Џонг-ун: Воено се засилуваме за да се заштитиме од САД

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека развојот на оружјето во неговата земја е во функција на одбраната од непријателските политики на САД и военото зајакнување на Јужна Кореја што го дестабилизира полуостровот, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на државни медиуми.



„Пјонгјанг ја зајакнува својата војска во самоодбрана, а не за да почне војна“, рече Ким во говор на воена изложба, пренесе севернокорејската агенција КЦНА.

Ким говорот го одржа стоејќи пред разновидното оружје, што ја вклучи и интерконтиненталната балистичка ракета „Хвасонг-16“ (ИЦБМ). Таа е најголемата севернокорејска балистичка ракета што, беше претставена лани во октомври на воена парада, но се уште не е тестирана.

-Не зборуваме за војна со никого, туку за спречување и одвраќање на војната со цел да се заштити националниот суверенитет, рече Ким.

Северна Кореја ја забрза ракетната програма, а аналитичарите велат дека исто така почнала со проширување на главниот нуклеарен реактор, што го користи за производство на гориво за нуклеарни бомби. Иако САД изразија подготвеност за одржување дипломатски преговори во секое време со Северна Кореја, Пјонгјанг изрази незаинтересираност се додека Вашингтон ја продолжи политиката на санкции и воена активност во Јужна Кореја.

-Тешко е да се поверува во тврдењата на САД дека нема непријателски чувства кон Северна Кореја кога сме сведоци на нивните погрешни проценки и постапки, рече Ким.

Тој додаде дека и опасните напори на Јужна Кореја да ја засили војската го уништуваат воениот баланс на Корејскиот полуостров и ја зголемуваат нестабилноста и опасноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...