Флорида забрани строги барања за вакцинација во училиштата и деловните субјекти

Флорида им забрани на училиштата и бизнисите да бараат вакцинација против Ковид-19 и започна со подготовки за можно повлекување на државата од федералната агенција која ја штити безбедноста на работното место.



Гувернерот Рон Десантис, десничарски републиканец за кој се верува дека ќе се кандидира за претседател, ги потпиша новите закони.

-Сакаме да обезбедиме луѓето да имаат право да заработуваат за живот, право на заштита на работното место и родителите да бидат заштитени во нивното право да го водат воспитувањето на своите деца, наведе Десантис.

Законите беа усвоени на специјална тридневна седница на законодавнотро собрание на Флорида, во кој доминираат републиканците. Таа беше свикан од Десантис за да се спречи спроведувањето на барањата за вакцинација воведени од федералната влада, како и од приватните работодавци и училишните одбори. Законодавниот државен орган на Флорида му нареди на гувернерот да развие план за формирање државна агенција за заштита на работниците, која ќе ги преземе овластувањата на федералната агенција за безбедност и здравје при работа.

Флорида е една од неколкуте конзервативни држави кои поднесоа тужба против федералната агенција за да ја спречат да го спроведе барањето за вакцинација наметнато од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Околу 61.000 луѓе починаа од Ковид-19 на Флорида, третата по големина држава во САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...