САД одобри трета доза вакцина против Ковид-19 за возрасни

Здравствените власти на САД денеска соопштија дека одобриле трета доза вакцина против Ковид за сите возрасни лица кои биле целосно вакцинирани пред најмалку шест месеци.



Американската агенција за лекови (ФДА) соопшти дека ова вонредно одобрение за вакцина издадено за Фајзер и Модерна овозможува „да се обезбеди континуирана заштита од Ковид-19, посебно од сериозни последици што можат да се појават, како што се хоспитализација и смрт“.

Двете фармацевтски компании претходно соопштија дека добиле одобрение од ФДА, пренесува Хина.

„Ова вонредно одобрување доаѓа во критично време кога започнува зимата и се соочуваме со зголемување на бројот на заразени и хоспитализирани со Ковид-19 низ целата земја“, рече претседателот на Модерна Стефан Бансел.

Луѓето на возраст над 18 години кои ја примиле вакцината Џонсон и Џонсон, која се дава во една доза во САД, имаа право на втора доза два месеци по имунизацијата.

Кај лицата вакцинирани со Фајзер и Модерна, третата доза досега беше наменета само за некои групи: оние над 65 години, возрасните изложени на ризик да развијат тешка форма на болеста и оние кои се повеќе изложени на вирусот поради природата на работата.

Веста доаѓа во време кога бројот на нови инфекции повторно се зголемува во САД, со просечни 85.000 нови случаи на Ковид-19 дневно (имаше околу 70.000 на крајот на октомври) и околу 1.000 смртни случаи дневно.

Некои американски држави, како Калифорнија, веќе почнаа да одобруваат дополнителни дози за возрасни, дури и пред здравствените агенции да го препорачаат тоа, со надеж дека ќе го спречат ширењето на епидемијата пред Божик и Нова Година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...