Фајзер: Луѓето најверојатно ќе треба да се вакцинираат секоја година

Луѓето веројатно ќе треба да се вакцинираат против Ковид-19 во годините што доаѓаат, изјави за BBC генералниот директо на Фајзер, д-р Алберт Бурла. Тој верува дека ова ќе биде неопходно за да се одржи „многу високо ниво на заштита“.



Велика Британија веќе обезбеди дополнителни 114 милиони дози вакцини од Фајзер и од Модерна кои ќе бидат испорачани во следните две години.

Бурла ја даде изјавата за BBC пред појавата на Омикрон, првпат идентификуван во Јужна Африка и пред објавата дека владата во Лондон има потпишано договори за купување на 54 милиони дополнителни дози Фајзер и 60 милиони дози Модерна за 2022 година и 2023 година.

Овие договори вклучуваат пристап до модифицирани вакцини доколку е потребно за борба против Омикрон и идните варијанти, соопшти Министерството за здравство.

Д-р Бурла истакна дека Фајзер веќе има направено ажурирани вакцини како одговор на сојот Бета, исто така идентификуван првпат во Јужна Африка и Делта варијантата, првпат откриена во Индија.

Компанијата сега работи на ажурирана вакцина како одговор на сојот Омикрон, која може да биде готова за 100 дена. Бурла вели дека вакцините помогнале да се спасат милиони животи за време на пандемијата и без нив „фундаменталната структура на нашето општество би била загрозена“.

До крајот на годината, Фајзер очекува да испорача три милијарди дози од својата вакцина а четири милијарди се планирани за следната година.„Фајзер“ ќе генерира најмалку 35 милијарди долари од продажба на вакцини против Ковид-19 оваа година, а цената на нивните акции се зголемува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...