Турција го менува името

Турските власти одлучија да го ребрендираат имиџот на земјата во светот, објави турската телевизија ТРТ.



Претходно овој месец турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави соопштение во кое се наведува дека меѓународно признатото име на земјата се менува од „Турција“ во „Туркије“ („Turkey“ u „Turkiye), појасни телевизијата.

„Зборот ‘Туркије’ на најдобар начин ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација“, се вели во соопштението.

На турски земјата се нарекува Туркије.

Земјата го прифати името по стекнувањето независност од западните сили во 1923 година, кои привремено ја окупираа.

Низ историјата, Европејците ја знаеле како османлиска држава, а потоа ја познавале под многу варијации на зборот „Турција“. Името што остана најмногу беше на латински „Turquia“, а најприсутно беше „Turkey“.

Според речникот на Кембриџ, зборот „Турција“ се дефинира како „нешто што лошо паѓа“, или „глупава“ или „смешна личност“.

Огромното мнозинство луѓе во Турција веруваат дека именување на земја според нејзината локална варијација има смисла и е во согласност со целите на земјата да одреди како другите треба да ја идентификуваат.

Во согласност со тоа, неодамнешното соопштение јасно стави до знаење дека во контекст на зајакнување на брендот „Turkiye“, во сите видови активности и кореспонденции, особено во официјалните односи со други земји и меѓународни институции и организации, ќе се користи терминот „Türkiye“ наместо изрази како што се „‘Turkey’, ‘Turkei“, ‘Turquie’ и така натаму“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...