Би-Би-Си: Може ли Путин да објави сеопшта војна?

Русија вели дека се глупост шпекулациите дека ќе и објави сеопшта војна на Украина на Денот на победата над фашизмот.



Би-Би-Си коментира дека Москва досега негираше оти е во војна, и инвазијата врз Украина ја нарекува „специјална воена операција“.

-Но, западните власти шпекулираат дека претседателот Владимир Путин би можел да ја искористи денешната парада во Москва за да објави ескалација на воената акција. Тој, се разбира, ги крие картите и додека не проговори на парадата на Црвениот плоштад, негирањата на Москва треба да ги прифаќаме со резерва, пишува Би-Би-Си.

Британскиот медиум потсетува дека во деновите пред почетокот на инвазијата на 24 февруари, „руските функционери постојано ги исмеваа информациите за неизбежна инвазија како ’западна хистерија и пропаганда‘“. Сепак, Русија иврши инвазија, изненадувајќи дури и многу Украинци.

-Така, најмалку што можеме да очекуваме се некакви триумфални најави за постигнати цели и победени непријатели (вистински или замислени), додава Би-Би-Си.

Вината за бавното темпо на руското напредување во Донбас најверојатно ќе биде лоцирана кај НАТО и веројатно ќе има дополнителни предупредувања до Западот да престане да и помага на Украина да се брани.

Што и да се случи денес, тешко е да се очекува дека оваа војна ќе заврши наскоро, заклучува Би-Би-Си.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...