СЗО стравува од избивање колера во Украина

Светската здравствена организација се подготвува за потенцијално избивање колера во Мариупол, каде се оштетени голем број инфраструктурни објекти. Тоа го изјави синоќа менаџерката на СЗО за инциденти во Украина, Дорит Никан.



– Многу цевки се оштетени, а добиваме информации од терен дека се измешани канализацијата и водата за пиење, појасни Никан.

Како што таа истакна, СЗО ова го оценува како огромна закана од појава на многу инфекции, вклучително и колера.

Беше нагласено дека се подготвуваат вакцини за колера, постои соработка со невладини организации и партнери, кои можат да дојдат во Мариупол да им дадат поддршка на луѓето.

СЗО за Европа потврди 226 напади на здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија, што сочинува две третини од сите напади на здравствената заштита во светот годинава, соопшти директорот Ханс Клуге.

Тој информираше за најмалку 75 жртви во нападите, а 59 лица се здобиле со повреди.

– Овие напади не се оправдани, тие никогаш не се во ред и мора да се истражат, додаде Клуге.

Здравствената агенција на ОН ќе ги сподели деталите за нападите со украинските власти и со други независни истражители.

Клуге е длабоко вознемирен од извештаите за растечкото сексуално насилство во Украина, како и од потенцијалното избивање на колера во окупираните делови на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...