СЗО: Бројот на нови инфекции од коронавирус и смртни исходи опаѓа речиси насекаде во светот

Бројот на нови инфекции со коронавирус и смртни случаи пријавени на глобално ниво минатата недела опадна насекаде низ светот, освен на Блискиот Исток и Југоисточна Азија, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).



Во соопштението се наведува дека новите потврдени случаи на инфекција опаднале за 12 отсто на повеќе од три милиони, а пријавените смртни случаи опаднале за 22 отсто на околу 7.600.

СЗО наведува дека континуираниот пад на бројот на заразени со коронавирусот, што својот врв го достигна во јануари, е многу охрабрувачки тренд.

Агенцијата на ОН, меѓутоа, предупреди дека пандемијата сè уште не е завршена и повика на претпазливост, иако многу земји се откажаа од своите мерки за борба против вирусот.

Во извештајот се наведува дека 18 месеци по почетокот на првите масовни кампањи за имунизација против коронавирусот во богатите земји, 68 земји допрва треба да заштитат 40 отсто од своето население.

Иако сега се достапни доволно вакцини, побарувачката е намалена.

-Перцепцијата дека пандемијата е завршена е разбирлива, но погрешна. Во секој момент може да се појави нова и уште поопасна варијанта, а огромен број луѓе да останат незаштитени, се наведува во соопштението на СЗО.

На Блискиот Исток бројот на нови инфекции со вирусот се зголеми за 19 отсто, а во Југоисточна Азија за еден отсто во текот на оваа последна недела, додека насекаде низ светот имаме надолен тренд.

Минатата недела СЗО соопшти дека епидемијата во Северна Кореја се влошува. И покрај повеќекратните понуди за помош, вклучително и вакцини, Северна Кореја не прифати ниту една понуда и допрва треба да сподели подетални информации за тоа како се развива епидемијата таму.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...