Почина кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета почина на 96-годишна возраст, соопшти Бакингемската палата.

-Кралицата почина мирно во Балморал попладнево. Кралот и Консортот на кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер и ќе се вратат во Лондон утре, соопшти Бакингемската палата.



Кралицата Елизабета Втора беше монархот со најдолго владеење во британската историја и најстариот шеф на држава во светот.

Кралицата Елизабета Втора се соочуваше со здравствени проблеми откако помина една ноќ во болница минатиот октомври – 96-годишниот монарх оттогаш откажа серија јавни ангажмани по медицински совет.

Кралицата беше видена како користи стап за одење во службата во Вестминстерската опатија на 12 октомври, што беше првпат да го стори тоа на голем јавен настан. Таа се повлече од дводневното патување во Северна Ирска, советувана да се одмори поради медицински причини, објави Бакингемската палата на 20 октомври. Следниот ден, палатата соопшти дека кралицата отишла во приватна лондонска болница за „прелиминарни истраги“ и останала во неа преку ноќ.

На 26 октомври, Палатата соопшти дека таа продолжила со „лесни должности“. Кралицата е видена како вози автомобил во нејзиниот дом во замокот Виндзор западно од Лондон на 1 ноември. Но, таа се повлече од самитот на ОН за климатските промени во Глазгов, Шкотска поради „советите за одмор“ на лекарите во ноември.

Кралицата беше позитивна на „Ковид-19“ откако продолжи со активности во замокот Виндзор. Бакингемската палата тогаш информираше дека таа имала „благи симптоми слични на настинка“. Кралицата се повлече од службата за Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија. Но, таа присуствуваше на комеморацијата на 29 март таму за нејзиниот покоен сопруг принцот Филип, кој почина минатата година на 99-годишна возраст.

Кралицата ја пропушти традиционалната верска служба на Велики четврток. Таа го пропушти церемонијалното државно отворање на парламентот на 10 мај поради „проблеми со движењето“ – трет пат од 1952 година. Нејзината улога ја презеде нејзиниот наследник, принцот Чарлс.

Таа формално ја назначи Лиз Трас за 15-ти премиер од нејзиното владеење на 6 септември и е фотографирана како стои за да се ракува со неа. Кралицата Елизабета по првпат ја изведе церемонијата во Балморал во Шкотска, наместо во Бакингемската палата.

На 7 септември таа се повлече од планираниот состанок со високи политички советници, откако и било кажано да одмори.

На 8 септември, утрово, Бакингемската палата издаде многу необичен билтен за здравјето на монархот во кој беше наведено дека лекарите се загрижени и препорачале таа „да остане под медицински надзор“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...