Врховниот суд на Нов Зеланд го смета дискриминирачко правото на глас со 18 години

Врховниот суд на Нов Зеланд денеска пресуди дека правото на глас со навршени 18 години е дискриминирачко за младите луѓе, што ја поттикна Владата да размисли за спуштање на старосната граница при гласање на 16 години.



Премиерката Џасинда Ардерн по објавувањето на пресудата презентираше предлог-закон што го отвора патот за донесување одлука за гласање на 16-годишниците, но нагласи дека промената е условена од сложена процедура така што тешко дека ќе биде спроведена за општите избори предвидени за наредната година.

Врховниот суд на Нов Зеланд својот став го донесе повикувајќи се на националната Повелба за правата со која се признава правото на донесување лични одлуки на возраст од 16 години. Пресудата наложува отпочнување процедура за задолжителна собраниска расправа и ревизија на прашањето, но истата не е обврзувачка.

-Лично го поддржувам намалувањето на возраста за гласање, но тоа не е прашање што ме засега мене, па дури и мојата влада. Секоја промена на изборниот закон од ваков карактер мора да биде одобрена од 75 отсто од пратениците. Затоа ова прашање пред се го засега Парламентот, рече премиерот.

Прашањето иницирано од Здружението за унапредување на правата „Направи го 16“ судските власти го иницираат уште од 2020 година, но одлуката останува да ја донесе Парламентот.

Малку држави им овозможуваат право на глас на лица со навршени 16 години. Една од нив е Бразил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...