Полицијата во Шангај ги брише фотографиите од мобилните телефони на граѓаните од протестот

Полицијата денеска во Шангај ги запира луѓето на улица и им ги проверува мобилните телефони и им ги брише фотографиите од вчерашните протести.

Причината за протестите во Кина е смртоносниот пожар во регионот Ксинџијанг. Демонстрантите, имено, тврдат дека на жителите од запалената зграда не им било дозволено да побегнат поради ковид ограничувањата, поради што голем број од нив загинале.

Кинеските власти негираат дека мерките воведени за запирање на ширењето на коронавируст ги забавиле напорите на спасувачите и пожарникарите во запалената зграда во градот Урумчи. Тие тврдат дека на жителите од станбениот блок не им било забрането да ја напуштат зградата кога избувнал пожарот.

Трагедијата предизвика негодување на социјалните мрежи, а потоа протести, прво во Урумчи, а подоцна и во другите делови на Кина.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан денеска изјави дека „постојат сили со задни намери на социјалните мрежи, кои го поврзуваат пожарот со локалниот одговор на „Ковид-19“.

Полицијата денеска уапси две лица во Шангај со образложение дека не ги почитувале наредбите на полицијата и ги упати новинарите до локалните полициски власти за повеќе детали.

Демонстрантите се собраа вчера во Шангај за да протестираат против строгата анти-ковид политика, што е во сила речиси три години, но побараа и повеќе политички слободи.

Во Кина расте заморот поради тешката политика за борба против пандемијата. Последните денови во неколку градови веќе се одржаа спорадични, а некаде и насилни протести, особено во најголемата фабрика за „iPhone“ во светот, што е лоцирана во централна Кина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...