Голем руски ракетен напад врз Украина

Русија утрово изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, а експлозии се пријавени во Киев, Винитсија, Дњепар и Миколаев, јави „Киев Пост“.



Според првичните извештаи, експлозиите се од украинската противвоздушна одбрана, а не од руски ракети кои погодиле цели.

Системите за воздушна одбрана на Украина утрово соборија неодреден број руски ракети во четвртокот, информира претходно на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Противвоздушната одбрана била активна и во јужните региони на земјата вклучувајќи ја и Одеса.

Предупредувањата за воздушен напад, кои почнаа околу 7:45 часот по киевско време, во моментов сè уште се во сила низ целата земја.

Денешниот напад доаѓа по непроспиената ноќ за многумина во Украина, бидејќи Русија во текот на ноќта лансираше бран ирански дронови камикази врз повеќе градови вклучувајќи го и Киев. Украинската воздушна одбрана ги собори сите 24, потсетува весникот.

Последниот голем ракетен напад на Русија врз Украина беше во саботата на 14 јануари, во кој ракета погоди станбена зграда во Дњепар, при што загинаа најмалку 46 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто слонот има две дупчиња на сурлата?
- Едно за топла, едно за ладна вода?
- А кај му е бојлерот?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
427 г.п.н.е.- Роден е Платон, голем старогрчки...
1587.- Погубена е шкотската кралица Мери...
1676.- Умре рускиот цар Алексеј Михајлович...
1725.- Во Санкт Петерсбург умре Петар Велики,...