Кина ги повикаа САД да прекинат со испораките на оружје за Украина

Ако навистина се грижат за украинскиот народ, САД треба да престанат да го снабдуваат со оружје, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

-САД се главниот иницијатор и главната движечка сила на кризата во Украина, тие континуирано доставуваат тешко и офанзивно оружје за Киев, продолжувајќи го конфликтот и правејќи го поинтензивен, изјави портпаролката, Мао Нинг.

Дипломатката истакна дека доколку САД навистина сакаат кризата да заврши скоро и „доколку навистина се грижат за безбедноста на украинскиот народ, треба да престанат да испраќаат оружје таму и да профитираат од војната“.

-Потребно е одговорно да се придонесе за брза деескалација и да се создаде поволна атмосфера и услови за мирни преговори меѓу заинтересираните страни, рече Нинг.

Коментирајќи ги најавите дека кинески државни компании обезбедуваат воена и финансиска помош за Русија во украинскиот конфликт, таа посочи дека САД упатуваат неосновани обвинувања против Кина поради Украина, а Пекинг нема молчешкум да гледа како се кршат правата на кинеските компании.

Претходно кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека решавањето на конфликтот во Украина со политички средства најдобро одговара на европските интереси и на заедничките интереси на сите евроазиски земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...