Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина и ќе ги зајакне руските вооружени сили за време на новиот претседателски мандат. Тој, исто така, се закани дека ќе ги третира „предавниците“ од волонтерски формации „како да се во воена зона“.



Во говорот во изборниот штаб Путин рече дека високата излезност на изборите е последица на драматичните настани низ кои поминува земјата.

- Ние сме принудени буквално да ги браниме интересите на нашите граѓани со оружје во раце, рече Путин, мислејќи на вооружената агресија против Украина, која тој ја почна пред повеќе од две години.

Зборувајќи за предизвиците на неговиот нов мандат, рускиот претседател истакна дека е неопходно да се решат задачите на специјалната воена операција (како што Русите ја нарекуваат војната во Украина) и да се зајакнат одбранбените капацитети и вооружените сили.

Тој, исто така, рече дека на сите агенции за спроведување на законот ќе им биде наложено да го разоткријат секој што се бори против Русија со оружје.

Според Путин, претставниците на Рускиот волонтерски корпус „се фрлаат како топовско месо во мелница за месо на државната граница“. Тој го спореди РВЦ со војската на Власов (Руси кои се бореле на страната на Германците во Втората светска војна) и тврди дека од 1.500 доброволци „околу 800 луѓе биле убиени“. Оваа групација, составена од Руси, се бори на страната на Украина против руската инвазија од самиот почеток и неодамна тие ја презедоа одговорносста за упади на руска територија.

Путин вели и дека во Русија нема смртна казна, но „ќе се однесуваме со предавниците како да се во воена зона“.

Шефот на Кремљ, исто така, рече дека Русија „е за мировни преговори, но само доколку тоа не е затоа што на непријателот му снемува муниција“.

Путин изјави и дека Русија во одреден момент би можела да создаде „санитарна зона“ (тампон зона) на територијата на Украина. Тврди дека ќе биде толку длабока што средствата за уништување, пред се од странското производство, тешко ќе ја надминат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...