Руските сили ноќеска во бранови го гаѓаа Киев со дронови

Во текот на ноќта руските сили го нападнаа Киев со беспилотни летала од различни правци, а противвоздушната одбрана го одби нападот, кој помина без жртви, изјави денеска шефот на градската воена управа Сергеј Попко.



„Седми воздушен напад на руските окупатори на Киев во септември. Непријателот повторно употреби нападни беспилотни летала, првично од типот 'Шахед'... Тревогата за воздушен напад на главниот град беше објавена три пати во Киев и траеше вкупно околу два часа“, напиша Попко на Телеграм.

Според него, руските сили ги лансирале првите групи дронови пред полноќ, но во текот на ноќта се повеќе беспилотни летала биле лансирани во украинскиот воздушен простор. „Исто така, руски нападни беспилотни летала постојано влегуваа во Киев, од различни правци, главно еден по еден“, рече Попко.

Тој истакна дека силите за противвоздушна одбрана ги собориле сите цели на приодите кон главниот град.

Според оперативниот извештај, во Киев нема жртви ниту материјална штета.

Исто така, од беспилотни летала „Шахед“ 14 лица се повредени во масовниот напад на руската армија врз градот Конотоп во областа Суми, соопшти денеска регионалната воена управа.

„Ноќта на 12 септември непријателот изврши масовен воздушен напад врз објектите на енергетската и цивилната инфраструктура на општина Конотоп. Русите употребија беспилотни летала од типот Шахед, насочувајќи ги кон станбени згради, образовни и медицински установи“, се наведува во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Ја забележал отец Миле калуѓерката Маре како шета низ манастир малку подздебелена, па и префрлил:
- Сестро Маре, сме се подзебелиле малку, а?
- Не отец Миле, гасови...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден за здрава вода.
1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил....
1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач...
1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити,...