Мета ќе плати 25 милиони долари затоа што ги укина профилите на Трамп

Американската технолошка корпорација Мета се согласи да плати 25 милиони долари во судска спогодба за да ја реши тужбата на Доналд Трамп за укинувањето на неговите профили на платформите на социјалните медиуми на Мета по нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Мета потврди дека ќе донира 22 милиони долари на претседателската библиотека на Трамп и ќе плати 3 милиони долари за правни трошоци.

Во јули 2021 година, Трамп ги тужеше Мета и нејзиниот извршен директор Марк Закерберг за наводно цензурирање на неговите профили на социјалните мрежи по нападот на 6 јануари, обвинувајќи ја компанијата дека е во дослух со демократски пратеници. Најновиот договор доаѓа во време кога Закерберг се обидува да ги поправи односите со Трамп, коментираат медиумите.

Извршниот директор на Мета присуствуваше на инаугурацијата на Трамп и повеќепати ја посети резиденцијата на претседателот Мар-а-Лаго. Покрај тоа, Мета донираше еден милион долари за кампањата на Трамп, ги заврши своите програми за инклузивност (DEI) и го смени системот за проверка на факти на социјалните мрежи кои беа предмет на критики на Трамп.

Закерберг неодамна во популарниот подкаст на Џо Роган изрази жалење поради претходната построга политика за проверка на фактите, велејќи дека таа „отишла предалеку“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуменката и и вика:
- "Замисли мајко, одев низ шумата и наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?
- "Не грижи се ќерко, само оди и изеди три лимуна"
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден за заштита на...
44 г.п.н.е.- Во Рим, во Сенатот, група...
1493.- Славниот италијански морепловец Христофер...
1776.- Американскиот конгрес донесе одлука за...