Туристичка подморница потона во близина на Хургада

Се стравува дека најмалку шест лица го загубиле животот, а девет се повредени во несреќа со туристичка подморница што утрината потона во Црвеното Море во близина на египетското летувалиште Хургада, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на локални извори. Меѓу повредените четири лица се во критична состојба, а 29 патници се спасени и пренесени во блиските болници. Како што потврдија од Руската амбасада во Каиро, сите туристи на подморницата биле Руси.



Хургада е популарна туристичка дестинација позната по плажите и коралните гребени.

Се претпоставува дека во моментот на несреќата во подморницата имало околу 40 туристи. Според информациите на дописниците на Би-Би-Си од Каиро, подморницата била наречена Синдбад и потонала во близина на пристаништето Хургада.

Подморницата Синдбад со години превезува туристи да го истражуваат подводниот свет на Црвеното Море, а според веб-страницата на компанијата што управува со неа, таа е една од само 14-те вистински туристички подморници во светот. Таа може да прими најмногу 44 патници и се спушта на длабочина од 25 метри, нудејќи поглед на околу 500 метри корален гребен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...