|
|
|
Осум милиони евра за комунални објекти во СтрумицаСтрумица, 30 октомври (МИА) - Во Општина Струмица во е тек реализацијата на програмата МЕАП за реконструкција и изградба на капитални комунални објекти вредна околу осум милиони евра.
- Во првата фаза во која ќе бидат потрошени 1,8 милиони евра е предвидена целосна реконструкција на водоводната мрежа, односно замена на веќе дотраениот цевоводен систем со еколошки цевки од пластика со што подобрувањето на квалитетот на водоснабдувањето значително ќе бидат намалени и загубите на вода. Овој проект опфаќа и приклучување на четири населени места на постојниот градски водовод, изјави за МИА градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.
Со оваа програма финансирана од Европската банка за обнова и развој од Владата на Република Македонија и од странски донации ќе биде опфатен и проектот за довршување на изградбата на станицата за прочистување на отпадните води вреден пет милиони евра, како и изградба на одводни канали во должина од два километра со што ќе бидат скротени атмосферските води од повеќе порои кои при малку поголеми врнежи поплавуваат голем дел од градот и околината. Само овој дел од вкупната инвестиција кој треба да биде заокружен кон крајот на годинава изнесува близу 1,3 милиони евра.
Програмата на МЕАП опфаќа и реконструкција на постојната фабрика за прочистување на водата во Струмица.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...
|
|
|
|