Македонија зафатена од повеќе пожари

Скопје, 27 јуни (МИА) - Во атарот на скопското село Катланово, како и во околните населени места гори поголема површина сува трева и шума.

Елена Поцевска од Центарот за управување со кризи информира дека во Катланово е евидентирана опожарена корисна површина од 60 хектари. При пожарот една викендичка е целосно изгорена, а две се опожарени. Екипите на противпожарните бригади со осум возила и 19 пожарникари се уште се на терен, а пожарот е ставен под контрола, но се уште не е локализиран.

Во кумановското село Бајловце пожарот зафатил површина од околу 20 хектари ниска трева, не е причинета материјална штета, а огнената стихија навреме е локализирана.

Шумски пожар на трева и ниска шумска вегетација беснее од Криволак кон Штип. Од противпожарните екипи на Неготино ангажирани се екипи и на Армијата на Република Македонија. Противпожарните екипи потврдуват дека станува збор за пожар со поголеми размери.

Во кривопаланечко евидентирани се пожари во село Петровница и Одрено на површина од два хектари ниска вегетација, при што е причинета мала материјална штета, а пожарот е навреме локализиран.

Во кочанско пријавени се пожари во Зрновце и околината на површина меѓу 30 и 50 хектари на лозје  и посеви. Благодарение на противпожарните екипи и екипите на МВР, како и на локалното население пожарот навреме е локализиран, вели Елена Поцевска од Центарот за управување со кризи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Им кажал Исус на апостолите да донесат нешто дрога за вечера.
Павле донел марихуана, Јаков донел трипови. Исус го прашал Јуда што тој донел?
Јуда му одговорил:Значка, ова е...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1919.- Во Струга е роден Владо Малески,...