Нова порака на Осама бин Ладен до Американците

Дубаи, 14 септември (МИА) - Лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен го предупреди денеска во аудио порака американскиот народ на блиски врски на Владата на САД со Израел оценувајќи дека претседателот Барак Обама е немоќен да ги запре војните во Ирак и Авганистан. 

Неговата порака под наслов Соопштение до американскиот народ, трае околу 10 минути и е објавена на исламистичка интернет-страница која често ја користат приврзаниците на Ал Каеда. 

Лидерот на Ал Каеда оцени дека Обама е немоќен да ги запре војните во Ирак и Авганистан и оти само ги „променил лицата во Белата куќа“. Тој вели дека не се случиле вистински промени во американската политика бидејќи Обама задржал некои луѓе од администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш како што е секретарот за одбрана Роберт Гејтс. 

- Ако добро размислите за својата ситуација, ќе видите дека Белата куќа ја окупирале групи кои вршат притисок. Наместо да се бори за ослободување на Ирак, Белата куќа е таа што треба да се ослободи, вели Бин Ладен.

 - Дојде време да се ослободите од стравот и идеолошкиот тероризам на неоконзервативците и израелското лоби. Причина за нашиот спор со вас е вашата поддршка за Израел кој ја окупира нашата палестинска земја, вели тој во пораката. 

Бин Ладен зборува и за Авганистан и американската поддршка на Пакистан.

- Доколку ја завршите војната, тогаш во ред. Во спротивно, ние нема да имаме друг избор туку да ја продолжиме нашата војна на секој фронт. Ако се одлучите да изберете безбедност и запирање на војните тогаш сме подготвени да одговориме на тоа, вели лидерот на Ал Каеда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...