Нов силен земјотрес утрово го потресе островот Суматра

Џакарта, 1 октомври (МИА) - Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтер утрово е регистриран на островот Суматра, кој вчера исто така беше потресен од уште еден посилен потрес од 7,6 степени, соопшти индонезискиот геофизички институт.

Епицентарот на новиот потрес се наоѓал во провинцијата Џамби, на 10 километри длабочина и на околу 46 километри југоисточно од Сунгаипенух. Засега нема информации за жртви.

Индонезискиот министер за здравство Сити Супари изјави дека во вчерашниот земјотрес на островот најверојатно загинале илјадници луѓе.

- Можно е да има илјадници жртви, ако се суди според огромните урнатини. Се уште не знаеме колку се, истакна Супари во Џакарта.

Се претпоставува дека илјадници луѓе се наоѓаат затрупани под урнатините на зградите во градот Паданг и неговата околина. Жители на градот и спасувачки екипи учествуваат во пронаоѓање на преживеани, но нивната работа е отежната поради дождот и недостаток на техника за расчистување на остатоците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...