На Филипините им се приближува нов „супер тајфун“

Манила, 2 октомври (МИА) - Филипинските власти денеска прогласија состојба на исклучителна опасност на територијата на целата земја, поради тоа што на нејзиниот североисточен брег му се приближува нов „супер тајфун“.

Тајфунот „Парма“, многу посилен од тајфунот Кетсана кој минатата недела ја погоди Југоисточна Азија при што загинаа повеќе од 400 луѓе на Филипините, во Виетнам и Камбоџа, се заканува дека утре со пороен дожд ќе ја зафати североисточната провинција Изабела.

Оваа планинска област на најголемиот филипински остров Лузон не е густо населена, но водената стихија која се очекува во следните два дена дополнително да ја влоши веќе тешката ситуација.

- Загрижени сме како новите врнежи ќе влијаат да давањето помош во поплавените области, бидејќи нивото на водата повторно може да се подигне, изјави филипинскиот министер за одбрана Гилберто Теодоро.

Полицијата и војската се во состојба на готовност, на цивилните агенции им е наредено да обезбедат резерви на храна, вода, лекови и гориво, додека шефот на државата Глорија Макапагал Ароио од провинциските власти побара евакуирање на населението од пониските области, на кои им се заканува удар од новиот тајфун.

Метеоролозите предвидуваат дека „супер тајфунот“, со удари и до 230 километри на час, ќе биде најсилен тајфун кој од 2006 година ги погодил Филипините, кои во текот на летната сезона често се изложени на удари од тајфун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...