САД и Русија делат исто мислење за Иран

Берлин, 19 октомври (МИА) - САД и Русија се едногласни дека треба да се разгледаат понатамошни мерки против Иран, доколку не се постигне дипломатско решение за неговата нуклеарна програма, изјави државниот секретар Хилари Клинтон во интервју за руското издание на списанието „Њузвик“, пренесено во германскиот весник „Велт“.

Клинтон не успеа да добие конкретни ангажмани од Москва за построги санкции, но посочува дека има согласност со Кремљ како да се дејствува.

- Се договоривме дипломатијата да биде приоритет за Иран. Ако не постигнеме успех, меѓутоа, ќе разгледаме други мерки, рече Клинтон. Таа ги оцени разговорите со руските лидери како многу конструктивни.

Клинтон го оцени како позитивен фактот дека Русија не ги исполнила плановите за испорака на високоразвиени противвоздушни ракетни системи С-300 на Иран.

- Досега не доставиле никакви ракетни системи на Иран. Тоа за нас е добар знак, рече таа.

Клинтон потврди дека Вашингтон е подготвен да соработува со Москва за противракетната одбрана, откако претседателот Барак Обама го поништи планот на својот претходник Џорџ Буш за противоракетниот штит во Источна Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...