Престрелка меѓу патролни бродови на С. и Ј. Кореја

Сеул, 10 ноември (МИА) - Патролни бродови на Северна и на Јужна Кореја влегоа во меѓусебна престрелка во Жолтото море, покрај западното крајбрежје на Корејскиот полуостров, јавија јужнокорејските медиуми.

Претставници на јужнокорејските воено-поморски сили и на Министерството за одбрана изјавија дека севернокорејскиот брод ја пресекол спорната поморска граница меѓу двете држави.

Јужнокорејскиот брод истрелал предупредувачки куршуми, на што севернокорејскиот брод одговорил со оган.

Во инцидентот нема жртви од јужнокорејска страна, а засега не се знае дали има загинати лица од страна на Северна Кореја. Според јужнокорејските претставници во престрелката  му е нанесена сериозна материјална штета на севернокорејскиот брод, кој кусо по инцидентот се вратил на север.

Военопоморските сили на двете Кореи влегуваа во меѓусебни престрелки и претходно во 1999 и 2000 година, при што тогаш и двете држави дадоа жртви.

Двете Кореи не можат да постигнат спогодба за поморската граница во Жолтото море веќе повеќе од половина век по завршувањето на Корејската војна (1950-1953). Војната заврши со примирје, но без мировен договор. Главниот командант на силите на ОН во тоа време еднострано постави демаркациона линија, која Пјонгјанг не ја признава и бара таа да биде поместена на југ.

Спорниот регион е богат со риба и морски плодови. Во обидот за побогат улов рибарите од двете Кореи и од Кина често пати ја нарушуваат линијата на поморската граница.

Инцидентот меѓу Северна и Јужна Кореја се случи во пресрет на посетата на американскиот претседател Барак Обама на Азија и во момент кога Појонгјанг се обидува да започне директни преговори со американската администрација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...