Решете меѓу Иран и Израел

Лондон, 10 ноември (МИА) -  Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја отфрли понудата на американскиот претседател Барак Обама, за обнова на 30 години прекинатите односи меѓу Техеран и Вашингтон, поставувајќи го како услов за тоа, напуштањето на поддршката на Израел, јави дописникот на МИА.

Во изјава за лондонски „Гардијан“, дадена во Истанбул, каде Ахмадинеџад учествуваше на конференцијата на исламските земји, иранскиот претседател го обвини Обама дека не ги исполни ветувањата што ги даваше за промена на американската надворешна политика, порачувајќи му на Вашингтон дека ќе мора да избираат меѓу Иран и Израел.

Според Ахмадениџад, за обнова на односите со САД е потребно да се „исполнат дадените ветувања за промена“, забележувајќи дека ништо од тоа не е направено.

- Не е затворена Гвантанамо, не е запрена поддршката за ционистите и на масовните убивања на Палестинците, а нема промени ниту во политиката кон Авганистан, ниту кон Ирак, рече за весникот иранскиот претседател.

Ахмадинеџад притоа му порача на претседателот Обама дека „мора да разбере“ оти не може да го има за пријател „убиствениот ционистички режим“, мислејќи на Израел чие име не сака да го изговори, а во исто време да им нуди пријателство и на соседните земји во регионот.

Изјавата на претседателот на Иран, за лондонскиот весник доаѓа по објаснувањето што во Вашингтон го даде американскиот претседател, навестувајќи дека не ќе може да се постигне договор околу иранската нуклеарна програма. Меѓународната заедница му понуди фер договор на Техеран, што веројатно не ќе биде прифатен поради „несредената политичка ситуација“ во Иран, рекол по тој повод Барак Обама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...