Карзаи даде заклетва за вториот претседателски мандат

Кабул, 19 ноември (МИА) - Хамид Карзаи денеска даде заклетва за вториот мандат како претседател на Авганистан, соопштија светските агенции.

Карзаи се заколна пред претседателот на Врховниот суд Абдул Салам Азими, во присуство на стотици гости и странски делегации од над 40 земји. Меѓу нив беа пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, државниот секретар на САД Хилари Клинтон и министрите за надворешни работи на Русија и Велика Британија Сергеј Лавров и Дејвид Милибанд.

Во својот говор по полагањето на заклетвата Карзаи соопшти дека авганистанската армија треба да ја преземе водечката улога во борбата против бунтовниците.

Одговарајќи на повиците на САД и Европа за елиминирање на неконтролираната корупција во земјата, претседателот изјави дека следната негова Влада ќе се состои од експерти и компетентни луѓе.

-Корумпираните треба да бидат изведени пред судот и осудени, подвлече тој, истакнувајќи дека "таквите луѓе се опасни непријатели на државата".

Тој презеде ангажман и да се справи со нелегалниот извоз на наркотици од Авганистан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...