петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Свет

Иран го започна процесот на збогатување ураниум

Техеран, 9 февруари (МИА) - Иран денеска го започна процесот на збогатување ураниум за 20 проценти, јави иранската телевизија Ал Алам.

Исламската република „започна да збогатува ураниум за 20 проценти во присуство на инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (ММАЕ) во нуклеарниот комплекс Натанз“, во централниот дел на земјата, соопшти за телевизијата неименуван извор од Иранската организација за атомска енергија (ИОАЕ).

Портпаролот на ИОАЕ истакна дека подготвителната работа започнала утринава и почетокот на процесот ќе биде поставен официјално попладне.

Претседателот Махмуд Ахмадинеџад нареди во неделата Иранската организација за атомска енергија да започне да збогатува ураниум за 20 проценти за потребите на истражувачкиот нуклеарен реактор во Техеран. ИОАЕ вчера ја информираше Меѓународната агенција за атомска енергија за таа одлука.

Според Иран, збогатувањето ураниум за 20 проценти се наложува поради блокирањето на преговорите со шесте големи сили за доставување гориво од странство за реакторот за медицински истражувања.

Во исто време Исламската република даде до знаење дека „вратата останува отворена“ за преговори и ги повика петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија да преминат од конфронтација кон соработка.

Објавената одлука од Иран за збогатување ураниум предизвика остра реакција од страна на меѓународната агенција за атомска енергија, особено на шесте големи сили. Тие се сомневаат дека Техеран се обидува да се здобие со нуклеарно оружје под прикритие на нуклеарна програма за цивилни цели.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Ураганот Ерл се наближува до Северна Каролина
Мексиканската армија уби најмалку 25 членови на наркокартел
Изгаснат пожарот на нафтената платформа во Мексиканскиот Залив
Абас го предупредил Нетанјаху дека нема нови преговори ако Израел ја обнови изградбата на еврејски населби на Западниот Брег
Дел од палестинските исламистички групи заеднички ќе дејствуваат против Израел
Абас и Нетанјаху одржаа директни мировни преговори
Клинтон и Мичел ќе учествуваат во вториот круг израелско-палестински преговори
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи