Иран користи минимален дел од можностите за збогатување ураниум

Виена, 11 февруари (МИА) - Според доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Иран користи минимален дел од своите можности за збогатување ураниум до повисоко ниво, соопштија американските медиуми.

Според документот, што им е покажан на медиумите, во моментов Иран користи само 164 центрифуги за збогатување ураниум. При тоа за преработување до ниво од 20 процента биле одбрани едвај 10 килограми ниско збогатен ураниум.

Иран располага со над 8.000 центрифуги и досега има натрупано резерви од 1.800 килограми ниско збогатен ураниум.

Според истиот извештај на МААЕ, Иран ќе пристапи кон реализација на проектот за збогатување на ураниум до ниво од 20 проценти во следните неколку дена, користејќи дел од каскадата од центрифуги во атомскиот комплекс Натанц.

Иран вчера официјално соопшти дека пристапи кон преработка на ниско збогатен ураниум до повисоко ниво со цел да го произведе неопходното нуклеарно гориво за научно-истражувачкиот реактор во Техеран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...