Вирусот на новиот грип се уште не го достигнал врвот

Женева, 24 февруари (МИА) - Пандемијата на вирусот на новиот грип од типот А(H1N1) се уште не го достигнал врвот, смета Комитетот на експерти во советот проследен до Светската здравствена организација (СЗО).

- Комитетот упатил совет до СЗО дека е прерано да се заклучува оти вирусот во сите делови на светот го достигнал врвот во пренесувањето на грипот и оти е потребно дополнително време и информации за да се донесе стручен совет за статусот на пандемијата, истакнува портпаролот на СЗО Грегори Хартл.

СЗО во јуни минатата година соопшти дека новиот вирус предизвикал прва пандемија на грипот по повеќе од 40 години, бидејќи само за шест седмици од Мексико и САД се проширил на остатокот на светот.

Светската здравствена организација потврди дека од вирусот H1N1 досега починале 16.000 лица, но е истакнато дека „тоа е груба претпоставка“, бидејќи е невозможно кај секој случај е утврдена дијагнозата и е извршено испитување.  

Според проценката на експертите, ќе бидат потребни една или две години по завршувањето на пандемијата за да се утврди вистинскиот број починати од вирусот H1N1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...