Претседателот Карзаи е ментално нестабилна личност

Лондон, 7 април (МИА) - Американскиот дипломат Питер Галбрајт, кој е поранешен висок функционер на ОН во Кабул, го нарече авганистанскиот претседател Хамид Карзаи „ментално нестабилна личност“.

Според „Дејли телеграф“, кој ја пренесува изјавата на Галбрајт, американскиот дипломат рекол дека Карзаи е „нестабилен човек кој уште и се дрогира“, со што уште повеќе ја заостри и онака силно распалена реторика во расправијата меѓу авганистанскиот претседател и Западот.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, изјавата на Галбрајт доаѓа по обвинувањата од претседателот Карзаи за тоа дека западните земји, вклучувајќи ги и САД, се вмешани во кражбата на гласовите за време на тамошните претседателски избори, посочувајќи притоа најмногу на Галбрајт.

Галбрајт, кој пред неколку години беше активен и на Балканот, на обвинувањата од Карзаи реагираше со навреди кон авганистанскиот претседател, тврдејќи дека се однесува „импулсивно, дека е емотивен и склон кон тиради“, како и тоа дека е „наклонет кон консумирање на популарните производи на авганистанскиот извоз“, за што лондонскиот весник вели дека е алузија на авганистанскиот опиум.

Додека престојуваше во Кабул, Галбрајт јавно дојде во судир со првиот човек на мисијата на Обединетите нации во Авганистан, Норвежанецот Кај Ејде, околу текот на изборите и инсистирањето на Американецот да се изврши целосно прегласување, поради наводните фалсификати. На тоа се спротивставија норвешкиот дипломат и повеќемина други западни функционери, кои стравуваа дека одолговлекувањето со изборниот процес може да и наштети на стабилизацијата на земјата. Поради тој судир, во кој ОН застанаа на страната на Ејде, американскиот дипломат поднесе оставка.

“Дејли телеграф“ забележува дека кавгата на Галбрајт со Карзаи и најновите навреди изречени на сметка на претседателот на Авганистан, предизвикуваат односите меѓу Вашингтон и Кабул да се сведат на најниското ниво досега, што ги загрозува САД, кои таму имаат голем број свои војници.

Портпаролот на Карзаи, меѓутоа, за лондонските медиуми објасни дека изјавите и суштината на критиките на претседателот не се прецизно пренесени во западниот печат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...