САД ќе продолжат да работат на наметнување нови санкции врз Иран, изјави Обама

Вашингтон, 20 мај 2010 (МИА) - САД ќе продолжат да работат на наметнување нови санкции за Иран заради нејзината нуклеарна програма,изјави американскиот претседател Барак Обама во телефонскиот разговор со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, пренесуваат светските агенции.

Обама образложи дека активностите на Иран во последно време не помагаат во изградба на довербата.

Американскиот претседател ги потенцира постојаната и фундаментална загриженост на меѓународната заедница за нуклеарната програма на Исламската република.

-Светот очекува Иран да даде официјален и авторитетен одговор на прашањата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), забележа тој.

Обама, сепак, им оддаде должна почит на напорите на Турција и Бразил за надминување на проблемот со нуклеарната програма на Исламската република.

Американската Влада вчера претстави предлог резолуција на Советот за безбедност на ОН, одобрена од сите пет постојани негови членки, вклучувајќи ги и Русија и Кина, кои предвидуваат нови санкции за Иран.

Тоа се случува само еден ден откако Турција и Бразил договорија размена на ирански ураниум со цел да се смири загриженоста на меѓународната заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...