НАТО ги обвини Tалибанците за самоубиствениот напад на свадба во Авганистан

Кабул, 10 јуни (МИА) - Силите на НАТО во Авганистан ги обвинија Талибанците за синоќешниот самоубиствен напад за време на свадба во авганистанската провинција Кандахар, при што загинаа најмалку 40 лица, а 77 се ранети.

- Ова бесмислено насилство во момент, кој требаше да биде одбележан со радост и празнување, е демонстрација на слепата и одвратна тактика на Талибанците да ги тероризираат луѓето, се нагласува во соопштението на ИСАФ.

Авганистанските сили претходно соопштија дека според првичните резултатите од истрагата моќната експлозија биле самоубиствен напад.

Претставник на полицијата во Кандахар напомена дека голем број од околу 400-те гости на свадбата, биле поврзани со локалната полиција и додаде дека биле нападнати токму од таа причина.

Талибанците демантираа дека се вмешани во нападот. - Ние осудуваме еден ваков брутален чин. Талибанците водат џихад, за да го ослободат народот од рацете на окупаторите. Како можеме ние да го убиваме?, изјави портпаролот на исламистичкото движење Кари Јусуф Ахмади.

Тој смета дека за нападот е одговорна ИСАФ.

Свеченоста се одржувала во реонот Аргандаб, северно од градот Кандахар. Во авганистанската провинција странските војски долго време водат борба со Талибанците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...