Повеќе време трошат на „Фејсбук“ отколку на „Гугл“

Сиетл, 10 септември 2010 (МИА) - Американските корисници на интернет повеќе време трошат за комуникација на „Фејсбук“ отколку на пребарувачот „Гугл“, покажуваат резултатите на најновото истражување на аналитичката компанија „Комскор“.

Во август американските веб корисници вкупно поминале 41,1 милион минути на „Фејсбук“ што претставува 9,9 отсто од вкупниот број на минути користени на интернет. Додека на „Гугл“ поминале 39,8 милиони минути односно 9,6 проценти од вкупниот број на минути користени на интернет. Во времето поминато на „Гугл“ пресметано е и времето поминато на најпопуларните интернет-страниците „ЈуТјуб“, „Гмејл“ и „Гугл њуз“.

На трето место е „Јаху“, каде корисниците на интернет поминале 37,7 милиони минути или 9,1 отсто од вкупното он-лајн време.

„Фејсбук“ во јули првпат го зазеде првото место од „Гугл“, додека во август минатата година интернет корисниците поминале исто време на двете мрежи.

„Комскор“ својата анализа ја заснова на извештајот на поврзаните групи од два милиони интернет корисници во светот и податоците од серверите на веб-сајтовите, но не е пресметано времето за поставување на фотографиите и за „апдејтување“ на пораките на статусот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...