Карзаи ги осуди „непријателите на Авганистан“

Кандахар, 6 октомври 2010 (МИА) - Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи ги осуди „непријателите на Авганистан“ по серијата бомбашки напади во Кандахар кога се убиени девет лица, меѓу кои пет деца.

Во синоќешниот бомбашки напад кои го изведоа талибанците во едно полициско возило среде крстосница загинаа девет лица, а повредени се 30.

Нападот се случува еден ден откако четири полицајци загинаа во серија координирани напади на авганистанските безбедносни сили во Кандахар.

Во соопштението од Кабинетот на Карзаи се наведува  дека „цел на непријателите на Авганистан, кои се далеку од приврзаност кон исламските принципи, се наоѓаат цивили па дури и деца“.

Во меѓувреме весникот „Вашингтон пост“ објави дека се во тек тајни прелиминарни преговори меѓу талибанците и властите во Кабул со цел да се заврши војната во Авганистан, неколку претставници на талибанците да влезат во Владата и меѓународните сили да си заминат од земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...