Мишел Обама е највлијателната жена на планетава

Њујорк, 7 октомври 2010 (МИА) - Првата дама на САД Мишел Обама ја доби титулата за највлијателна жена во светот на американското списание „Форбс“.

На второ место на листата се наоѓа Ирене Розенфелд, извршниот директор на компанијата „Крафт фудс“, додека третата позиција и припадна на американската телевизиска водителка Опра Винфри, која следната година ќе го заврши своето телевизиско шоу кое се емитува цели 25 години. 

Четвртото место и припадна на германската канцеларка Ангела Меркел, која лани се наоѓаше на тронот.

На петтата позиција се наоѓа американскиот државен секретар Хилари Клинтон, по неа следува извршниот директор на компанијата „Пепси Ко.“ Индра Нуи, а на седмото место е поп пејачката Лејди Гага.

Останатите три места до топ 10 им припаднаа на извршниот директор на австралиската финансиска компанија „Вестпак банкинг“ Гејл Кели, пејачката Бијонсе и актерката и телевизиски водител Елен де Џенерис.

Потпретседателот и уредник на женското издание на списанието „Форбс“ Мојра Форбс потврди дека Мишел Обама се наоѓа на водечката позиција на листата на 100-те највлијателни жени на планетава поради тоа што се уште е популарна во општеството како прва дама, како и поради кампањата за водење здрав начин на живот и борбата против вишокот килограми меѓу децата.

Како одговор на оваа кампања, американските прехранбени компании се ангажираа да ги намалат калориите во храната која тие ја произведуваат до 2015 година.

Меѓу 100-те највлијателни жени во светот се наоѓаат и аргентинската претседателка Кристина Фернандес на 68-то место, кралицата на Јордан Ранија на 76-та позиција, костариканската претседателка Лаура Чинчила се наоѓа на 83-то место, а пак кандидатката за претседател на Бразил Дилма Русеф ја освои 95-та позиција на листата на американското издание.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...