„Викиликс“ ја искомплицира меѓународната дипломатија

Њујорк, 18 декември 2010 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека обелоденувањето доверливи документи кои ги објави „Викиликс“, ја искомплицирало меѓународната дипломатија.

- Несреќно е што тие доверливи документи истекоа, рече Бан. - Која и да било мотивацијата, сето тоа ќе ја отежни нормалната и разумната работа, особено во светот на дипломатијата, рече тој.

Генералниот секретар на ОН се споменува во еден од дипломатските дописи кои ги објави „Викиликс“. Тука се наведува дека Стејт департментот побарал од американските претставници во Светската организација и на други места да настојуваат да дојдат до броевите на кредитните картички и мобилни телефони, електронски адреси, лозинки и други доверливи податоци за претставниците на ОН и странските дипломати.

Во дипломатските дописи како една од „метите“ на таквите активности се споменува и Бан Ки-мун.

Генералниот секретар на ОН одби да ја коментира судската постапка против основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во Велика Британија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...