Гадафи оди си!!!

Доха, 15 февруари 2011 (МИА) - Повеќе од 200 либиски интелектуалци го повикаа денеска лидерот на револуцијата Моамер Гадафи да си замине од власт и да обезбеди мирна транзиција во земјата, објави телевизијата „Ал Џезира“.

Професори, адвокати, доктори, инженери, поранешни дипломати и воени лица застанаа зад повикот за „демократски промени, кои треба да бидат извршени на мирен и цивилизиран начин“. Тие побараа од властите да се воздржат од задушување на демонстрациите, кои се закажани за 17 февруари.

- Гадафи и сите членови на неговото семејство треба да им ја предадат власта на народните претставници и да не го спречуваат движењето на Либија на патот кон либерализација и плурализам, како што тоа се случува во други земји по примерот на настаните во Тунис и Египет, се наведува во обраќањето на претставниците на либиската интелигенција.

Според „Ал Џезира“ повикот е поддржан од задграничните опозициски партии Национален фронт за спас, Либиско исламско обединување, движењето „Хулас“, Унија на републиканците за демократија и социјална правда, организации за заштита на човековите права и Лигата на културни дејци и писатели.

Моамер Гадафи се наоѓа на власт во Либија 42 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...