Организаторите на протестите нема да ги постигнат своите цели

Техеран, 16 февруари 2011 (МИА) - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека непријателите кои планирале антивладини протести во Техеран нема да ги постигнат своите намери.

- Очигледно е и јасно дека иранската нација има непријатели бидејќи таа е држава што сака да го постигне својот врв и да ги промени односите меѓу државите во светот, изјави Ахмадинеџад во интервју за државната телевизија.

Ахмадинеџад истакна дека оние кои ги организираа протестите во понеделникот нема да ги постигнат своите цели.

Неколку илјади приврзаници на опозицијата во Иран учествуваа во протестите, со изговор дека на тој начин изразуваат поддршка на народот на Египет и Тунис.

За време на протестите дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите во кои загинаа две лица, а неколку беа повредени меѓу кои и девет припадници на безбедносните сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...