Антивладини демонстрации во Либија, најмалку 14 загинати

Триполи, 17 февруари 2011 (МИА) - Демонстранти кои протестираат против режимот на Моамер Гадафи излегоа денеска во четири града во Либија. Американски медиуми јавуваат за 14 жртви во протестите на „денот на гневот“. 

Според опозициски медиуми имало судири на полицијата со приврзаници на режимот во источниот град Бејда каде ноќеска и рано утрото биле убиени 11 луѓе. Двајца демонстранти се убиени и во градот Зентана и еден во Риџбан, југозападно од Триполи. 

Продолжуваат демонстрациите во Бенгази, вториот по големина град во Либија. Телефонските врски со Бенгази се прекинати уште во вторникот кога полицијата со сила растера демонстранти при што беа повредени 38 луѓе. 

Стотици приврзаници на либискиот лидер Моамер Гадафи се собраа денеска во Триполи за да не дозволат да се одржи антивладиниот „ден на гневот“.

Хјуман рајтс воч соопшти дека либиските власти привеле 14 луѓе. Нема знаци за антивладини протести во Триполи, јавуваат западни медиуми.

Гадафи вчера изјави дека „револуционерите“ ќе победат без да каже збор за протестите. Според аналитичари, малку е веројатно да се смени власта во Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...